Исинбајева, сепак, без рекорд

Руската атлетичарка Јелена Исинбајева, денеска, сепак, не постави светски рекорд како што претходно пренесоа дел од новинските агенции. Таа сепак го освои златниот медал во скок со стап на атлетскиот митинг во Шангај, прескокнувајќи 4 метри и 85 центиметри.
Во трите обиди, таа не успеа да прескокне 5 метри и 7 центиметри. Нејзиниот светски рекорд од 5,06 е стар една година.
Исинбајева е неприкосновена во скок со стап во изминативе 5 години. Изненадувачки, таа остана без медал на неодамнешното Светско првенство во атлетика во Берлин.