Иранскиот врховен водач не сака нуклеарно оружје

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ги отфрла наводите дека Иран сака нуклеарно оружје. Во говорот што беше пренесуван од националната иранска телевизија, Хамнеи вели дека Иран се противи и забранува производство и употреба на нуклеарно оружје.