Забрана за масовни собири во центарот на Белград

Српската полиција забрани какви било масовни собири во центарот на Белград, од безбедносни причини.
По откажувањето на геј парадата „Поворка на гордоста“ и забраната на митингот на „Српското народно движење 1389“, вчера попладне полицијата соопшти дека од безбедносни причини се забрануваат секакви масовни собири во центарот на Белград.