Путин ги враќа леопардите на Кавказот

Рускиот премиер Владимир Путин пушти два машки леопарди на Кавказот, во рамки на програмата за враќање на воие ретки видови диви мачки во тој регион.
Кавкаските или перскиски леопарди беа истребени од кавкаскиот регион пред 90-тина години, по нивното интензивно ловење.
Научниците планираат подоцна да пуштат и женски леопарди.