Мечка повреди 9 луѓе во Јапонија

Мечка повредила девет луѓе на паркинг, покрај автопат во централна Јапонија. Ни еден од повредените не е во животна опасност.
Црната мечка, висока 130 центиметри, прво ги нападнала туристите на еден паркинг за автобуси. Потоа, влегла во блискиот објект, каде што еден ловџија ја застрелал.