Убиен полициски функционер во Таџикистан

Шефот на истражниот оддел на полицијата во градот Исфара на северот на Таџикистан е убиен, соопштува полицијата. Полицискиот функционер бил два пати застрелан во главата, пред неговиот дом. Властите се сомневаат дека зад нападот стојат екстремистички религиозни групи.