Македонците позитивни спрема ЕУ

Околу 64 проценти од Македонците, членството во Европската унија го сметаат како добра работа, покажува истражувањето на Евробарометар. Анкетата беше спроведена на околу 27 илјади граѓани во земјите членки на Унијата и во трите земји кандидатки, Македонија, Хрватска и Турција. Македонија, според истражувањето, извршено кон средината на оваа година, останува на врвот на листата држави по бројот на граѓани кои имаат позитивни чувства кон Европската унија, односно 59 насто.