Нема договор за обновување на израелско - палестинските преговори

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел, кој беше во шатл дипломатија во регионот, засега не успеа да издејствува обновување на мировните преговори меѓу израелците и палестинците. Мичел денеска имаше одвоени средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас, но не е постигнат договор за замрзнување на изграбата на доселеничките населби на Западниот Брег. Палестинците инсистираат на овој услов пред да продолжи дијалогот, но израелците не се согласуваат.