Милошоски во Ватикан со покана за папата

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Ватикан. За време на посетата тој ќе се сретне со секретарот на Ватикан за односи меѓу државите Доминик Мамберти. На средбата ќе стане збор за продлабочување на билатералната соработка, а шефот на македонската дипломатија на Мамберти ќе му врачи и покана од претседателот Ѓорге Иванов до поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти, за посета на Македонија во текот на 2010 година.