Бајден: Претстојните избори се критични за иднината на Ирак

Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во главниот град на курдската автономна област во Ирак, Арбил. Тој сака да изврши притисок врз ирачките лидери за да се постигне напредок во подготвување на законите во пресрет на јануарските избори.
Претходно, Бајден рече дека претстојните избори се критични за иднината на Ирак.