Ахмадинеџад да ги доведе американските затвореници во САД

Мајките на тројцата Американци затворени во Иран бараат од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад да ги доведе во САД, кога ќе дојде на Генералното заседание на Обединетите нации во Њујорк, идната недела.
Семејствата на затворените Американци, кои се на возраст од 27 до 31 година, велат дека тие планинареле во северен Ирак и случајно влегле на иранска територија.
Според семејствата на затворените, тоа би бил хуманитарен потег од иранскиот претседател.
Американците беа уапсени во Иран во јули, а некои од иранските челници ги обвинија за шпионажа.