Комитетот за сукцесија на СФРЈ ке заседава во Белград

Во Белград денеска ќе биде одржан состанок на Постојаниот мешовит комитет за сукцесија на имотот на поранешна Југославија.На дневен ред е примената на Договорот за сукцесија, а ќе се разговара и за отворените прашања. Според извори во српската Влада, особено големи несогласување има околу поделбата на архивите.
Државите наследнички на СФРЈ досега постигнаа договор за распределба на над 95 проценти од имотот на поранешната заедничка држава, а се уште се отворени прашањата за девизните заштеди, мешовитите банки, имотот на ЈНА и државните архиви.