ЕУ: Во Авганистан злоупотребени 1,5 милиони гласови

Европската Унија соопшти дека верува оти околу 1,5 милиони гласови на авганистанските претседателски избори се злоупотребени. Филип Морилон шефот на европската посматрачка мисија изјави за Ројтерс дека било каква објава за победа е предвремена. Тој ова го изјави откако беа објавени прелиминарните резулати, според кои, актуелниот Претседател Хамид Карзаи е победник уште во прават рунда. Од тимот на Карзаи, изјавата на преставникот на ЕУ ја нарекоа неодговорна.