Флавио Бријаторе го напушти Рено

Формула 1 тимот на Рено соопштува дека директорот на екипата Флавио Бријаторе и главниот инжинер Пет Симондс го напуштиле тимот.
Рено вели дека нема да ги оспорува наводите дека на својот некогашен возач Нелсон Пике Помладиот му наредиле намерно да предизвика несреќа на трката за Големата награда на Сингапур за да му помогне на клупскиот колега Фернандо Алонсо да победи.