Унгарија ќе земе еден затвореник од Гвантанамо


Унгарија ќе превземе еден поранешен затвореник од Гвантанамо, соопшти унгарската влада, додавајки дека тој ќе биде ставен на 18-месечна програма за интеграција. Американскиот претседател Барак Обама нареди затворање на затворот за осомничени терористи на Гвантанамо, а таму сеуште има 220 затвореници.