Мичел ги продолжува преговорите во Израел


Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел денеска во Израел ги продолжува разговорите со премиерот Бенјамин Нетанјаху за змрзнување на изградбата на доселеничките населби, што е клучно за обновување на блиско – источниот мировен процес. Американскиот претседател Барак Обама се обидува да организира состанок со Нетанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации во овој месец.