Европскиот парламент за визната либерализација

Денеска во Стразбур ќе биде одржана Пленарна сесија на Европскиот парламент на која се очекува да се расправа за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора. Најавено е и дека на сесијата Жозе Мануел Баросо ќе биде реизбран за претседател на Европската комисија.