САД се надеваат- блискоисточниот мировен процес наскоро ќе продолжи

Американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел, по синоќешната средба со палестинскиот лидер Махмуд Абас, изрази надеж дека во наредните неколку недели ќе резултираат напорите за продолжување на мировните преговори во регионот. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, пак, го обвини Израел дека го блокира продолжувањето на преговорите, инсистирајќи на запирање на изградбата на еврејски населби на палестинска територија.