Борби со Талибанците во Кандахар

Убиени се 27 милитанти во талибанско упориште во провинцијата Кандахар, соопштуваат авганистанските власти. Тие велат дека се уште трае операцијата во која учествуваат авганистански и странски војници.
Портпаролот на Талибанците, пак вели дека загинале четворица бунтовници, а уште 5 цивили настрадале во вкрстен оган.