Лукашенко во посета на Литванија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, денеска треба да ја посети Литванија. Тоа е негова втора посета на земја од Европската унија, откако Унијата ја укина забраната за влез на белоруски функционери. Предвидено е Лукашенко да се сретне со неговата литванска колешка Далиа Грибаускаите во Вилнус и да учествува на литванско-белоруски бизнис форум.