Русија ќе апси грузиски бродови во Црно Море

Руските граничари кои патролираат во Црното Море, покрај брегот на грузискиот сепаратистички регион Абхазија, ќе ги запленуваат грузиските бродови. Директорот на одделот за крајбрежна стража на руското Федерално биро за безбедност Виктор Труфанов вели дека „во насока на заштита на границата“, Русија ќе ги „приведува бродовите и ќе преземе соодветни мерки“.
Труфанов вели дека Русија ќе направи се, да осигура безбедност на Русија и безбедност на Абхазија.
Русија ги признава грузиските сепаратистички региони Јужна Осетија и Абхазија како независни држави.