Ослободен новинарот кој ги фрли чевлите кон Буш

Ирачкиот новинар Мунтазер Ал Саиди, кој во минатиот декември ги фрли неговите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш денеска бил пуштен од затвор. Триесетгодишниот новинар беше осуден на затворска казна во времетраење од три години, но казната беше намалена на една година по поднесените жалби.