Авганистан: пребројување на гласовите

Комисијата за изборни претставки во Авганистан денеска соопшти дека треба да бидат пребројани гласовите од две ипол илјади избирачките места, односно 10 насто од вкупниот број што беа отворени на денот на претседателските избори. По скоро сите пребројани гласови води актуелниот претседател Хамид Карзаи со повеќе од 54 насто освоени гласови.