Состанокот на големите сили со Иран во Турција?

Соединетите Држави ќе го искористат состанокот меѓу големите сили и Иран, закажан за први идниот месец, за да му укажат на Техеран на можните последици од продолжувањето на нуклеарната програма и од игнорирањето на обврските спрема меѓународната заедница, соопшти американскиот Стејт Департмент. ,,Целта е да се седне со иранците и да им се објасни директно со каков избор се соочени,, изјави портпаролот Јан Кели, додавајќи дека Вашингтон сака Техеран да воведе поголема транспарентност во неговата нуклеарна програма. Состанокот, како што денеска најави еврокомесарот Хавиер Солана најверојатно ќе се одржи во Турција.