Пахор: Словенија задоволна од договорот со Хрватска

Словенија може да биде многу задоволна од договорот, што во петокот го постигна со Хрватска, откако Загреб писмено вети дека ќе ги продолжи преговорите за границата врз основа на предлогот на Европската унија за „излез на Словенија на отворено море“, изјави синоќа словенечкиот премиер Борут Пахор.
Тој вели дека од постигнатиот договор треба да бидат задоволни двете страни.