Доживотен затвор за британските терористи

Британскиот суд ги осуди на доживотен затвор тројцата британски муслимани, кои беа обвинети дека планирале да постават бомби во авионите што летаат од Велика Британија кон Северна Америка.
Тројцата ќе мора да одлежат, по најмалку, 32 до 40 години затвор, пред нивното евентуално ослободување.
Апсењето на тројцата во 2006 година и откривањето на нивниот план да ги разнесат авионите со домашно произведен експлозив, доводе до построги мерки за безбедност на аеродромите.