Уапсени руски скинхедси

Четворица руски скинхедси се притворени за фрлање молотови коктели врз синагога во градот Хабаровск, на далечниот исток на Русија. Властите велат дека групата го запалила и домот на еден полицаец кој работел на истражувањето на расно мотивирани злосторства. Никој не е повреден, во двата инциденти.