Економска помош за Косово од САД

Косово и Соединетите Американски Држави, денеска, го потпишаа нивниот прв билатерален договор за американска економска помош, која ќе биде насочена кон економијата, транспортот и развој на образованието.
Соединетите Американски Држави се една од првите земји што го признаа Косово, по прогласувањето на независноста во февруари, минатата година.