Иран ќе преговора за нуклеарната програма?

Иранските медиуми објавија дека Иран и шесте големи светски сили се договориле да ги почната разговорите за решевање на проблемот со иранската нуклеарна програма на 1 октомври. Одржувањето на разговорите, до сега, беше неизвесно. Соединетите Американски Држави му дадоа рок на Иран, до крај на месецов, да ги почне преговорите. Од друга страна, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повторува дека со светските сили може да разговара за глобални безбедносни прашања, но не и за иранската нуклеарна програма, за која тврди дека е само за производство на струја.