Иванов бара германска подршка за НАТО и ЕУ

Германска подршка за ЕУ и НАТО и решавањето на отворените прашања, ќе побара шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на денешната средба во Берлин со германскиот претседател Хорст Келер, јавува МИА.Иванов ќе ги пренесе очекувањата на Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската Комисија, препорака и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ и целосна визна либерализација од јануари 2010 година. Се очекува на разговорите да стане збор и за спорот за името. Македонскиот претседател ќе го повторел ставот дека Македонија сака решение на проблемот и дека сериозно ги разгледува идеите предложени од медијаторот на ОН Метју Нимиц.