Русија ке и позајми 2,2 милијарди долари на Венецуела за оружје

Претседателот на Венецула Хуго Чавез изјави дека Русија се согласила на неговата земја да и позајми 2,2 милијарди долари за купување руско оружје меѓу кои и тенкови и анти авионски ракети. Чавез во своето неделно ТВ шоу рече дека Венецуела купува оружје затоа што Колумбија на Соединетите Држави им даде поголем приспат до нивните бази.