Обама ќе го објави закрепнувањето на економијата

Американскиот претседател Барак Обама денеска на Вол Стрит официјално ќе го најави закрепнувањето на економијата од светската криза. Се очекува тој да ја одбрани и политиката на трошење на администрацијата и дека со стимулацијата на домашната економија се избегнала поголема криза. Тој ќе приуствува и на глобалната координација за тоа како да се спречи во иднина ваква криза.