Новинарот што фрлаше чевли врз Буш денеска на слобода

Ирачкиот новинар Мунтадар Ал Зaиди, кој лани се обиде со неговите чевли да го погоди поранешниот американски претседател Џорџ Буш на прес конференција, денеска ќе биде ослободен по девет месеци минати во затвор. Заиди преку ноќ стана икона во арапскиот свет, откако огорчен поради сите жртви од американската окупација на Ирак, се реши на овој начин да го покаже својот револт.