Наскоро лек против новиот грип?

Медицинските експерти на конференција во Калифорнија објавија дека се на пат да откријат лек против новиот грип, бидејќи се покажало дека експерименталниот лек перамавир делува подеднакво успешно против симптомите на грипот како и тамифлу. Лекот е тестиран на голем број луѓе заболени од обичниот сезонски грип во Азија и делува доколку се прими во рана фаза на болеста.