Убиен познат сунитски свештеник во Иран

Убиен е познат сунитски свештеник, што го подржа претседателот Махмуд Ахмадинеџад на спорните претседателски избори, објавија Иранските медиуми. Според тие извештаи, свештеникот Борхан Али бил убиен во неговиот дом во западен Курдистан, од непознати напаѓачи. Државното иранско радио објави дека бил застрелан неколку пати.