Убиени 50 Талибанци во Авганистан

Повеќе од 50 бунтовници се убиени во денешната битка со владините сили и нивните меѓународни партнери, во западен Авганистан, соопштуваат авганистанските власти. Борбите почнале вчера, кога Талибанците, од заседа нападнаа конвој на Обединетите нации, при што загинаа тројца американски и седуммина авганистански војници од придружбата на конвојот.