Нетанјаху: Остануваат разликите со САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека остануваат разликите со Соединетите Американски Држави за условите неопходни за постигнување мировен договор со Палестинците.
Израел останува на планот да ги прошири доселеничките еврејски населби на Западниот Брег. Палестинскиот претседател Махмуд Абас, пак, вели дека нема да преговара се додека Израел продолжува со проширување на населбите.