Боливија купува претседателски авион од Русија

Боливија одлучи да купи претседателски авион од Русија, откако Москва понуди да отвори центар за одржување на авиони во оваа јужноамериканска држава. Авионот Антонов има сателитски телефон, интернет врска и соба за состаноци и чини 30 милиони долари. Во моментов, боливискиот претседател лета со американски авион произведен во седумдесетите години.