Протест на лозарите од кавадаречко

Лозарите од кавадаречко, денеска, ја блокираа винарската визба Тиквеш. Најавија дека утре ќе продолжат со протестите.
Лозарите бараат грозјето да се откупува по ланските цени.
Според производителите, моментно, за килограм „вранец“ винарите даваат по седум до 11 денари, а минатата година оваа сорта се откупувала, во просек, за по 12,5 денари.