Иран тврди дека нема да произведе атомска бомба

Иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди денеска повтори дека Иран нема намера да произведе нуклеарно оружје, бидејки, како што рече, оружјето за масовно уништување не е во согласност со нивната религија. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели, но големите сили сметаат дека има намера да произведе атомска бомба.