Венецуела ќе распореди руски проектили


Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека неговата земја наскоро ќе распореди руски проектили со дострел од 300 километри. Чавез, во говорот во Каракас не прецизира колку ракети купила Венецуела од Русија, нагласувајки дека нема намера никого да напаѓа, туку да ја брани земјата од сите закани.