Убиени двајца војници на НАТО

Двајца војници на НАТО биле убиени денеска во Авганистан, соопшти командата на сојузничките сили во Кабул. Прецизирано е дека еден од нив бил американец. Во Авганистан се распоредени над 100 илјади странски војници кои се борат против талибанските бунтовници.