Вороњин со тешко срце заминува но,...

Долго годишниот претседател на Молдавија Владимир Вороњин денеска објави дека дал оставка. Тој беше на власт од 2001, а во соопштението се наведува дека со тешко срце заминува, предавајки им ја власта на прозападната коалиција која победи на повторените јулски избори. Коалицијата има мнозинство да формира влада, но нема три петинско мнозинство за да избере Претседател кој би го заменил Вороњин. Доколку ниту еден кандидат не добие 61 глас, Парламентот може да биде распуштен.