Караманлис - грчката владата грешеше

Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека по предвремените парламентарни избори закажани за 4 октомври, неговата конзервативна партија Нова демократија нема намера да формира коалициска влада со ниту една друга партија. Признавајќи дека тој и неговата Влада правеле грешки, Караманлис рече дека изминативе години сфатил оти на Грција и се неопходни строги мерки, кои се надева дека ќе бидат прифатени од граѓаните.Тој најави и дека ќе поднесе оставка на функцијата лидер на Нова демократија доколку партијата ги загуби претстојните избори. Според последните анкети на јавното мислење, ПАСОК има пет до шест проценти предност пред Нова демократија.