Разговори на премиерите на Словенија и на Хрватска

Премиерите на Словенија и на Хрватска Борут Пахор и Јадранка Косор денеска во Љубљана ќе ги продолжат разговорите за решавање на граничниот спор поради кој се блокирани преговорите за членство на Хрватска во Европската унија. Косор вчера изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе се најде решение за граничниот спор, а до средината на идната година Хрватска ќе ги заврши преговорите со ЕУ.