Предвремените избори во Чешка доведени во прашање

Чешкиот уставен суд пресуди дека предвремените парламентарни избори во таа земја, закажани за 9 и 10 октомври, не можат да се одржат. Судот така одлучил откако била разгледана жалбата не еден пратеник, кој тврдел дека со одлуката за предвремени избори му се крши неговото уставно право на четиригодишен мандат. Чешкиот претседател Вацлав Клаус во јули донесе одлука за одржување на предвремени парламентарни избори, а потоа парламентот одобри закон според кој изборите би можело да се одржат во средината на октомври.