Литванија не отвора истрага за тајните затвори на ЦИА

Литванскиот парламент ја отфрли можноста за отворање истрага, по наводите дека во земјата има таен затвор на ЦИА за осомничени припадници на Ал Каеда. Властите велат дека нема конкретни информации што може да ги потврдат таквите наводи.
Минатиот месец, американските медиуми објавија дека Литванија е третата европска земја, по Романија и Полска што и овозможиле на ЦИА да ги затвора и испитува осомничените за тероризам.