Нагорно-Карабах го демантира загинувањето на ерменски војници

Властите на Нагорно-Карабах ја демантираат веста од азербејџанските медиуми дека најмалку четворица ерменски војници загинале во престрелка со азербејџанските вооружени сили во близина на таа сепаратистичка област.
Етничките Ерменци, подржани од ерменските власти, во деведесетите години војуваа со Азербејџан за контрола над областа Нагорно-Карабах. Се проценува дека во војната загинаа 30 илјади луѓе.
Во 1993 година беше прогласен прекин на огнот, но двете страни никогаш не потпишаа мировен договор.