Критики за начинот на спасување на киднапираниот новинар

Растат критиките за начинот на спасување на новинарот на Њујорк Тајмс, кој беше киднапиран од Талибанците во Авганистан. Во операција на британските командоси беше спасен новинарот Стефан Фарел, но загинаа неговиот авганистански колега Султан Мунади, еден британски специјалец и двајца авганистански цивили.
Здружението на новинари на Авганистан ги обвинуваат меѓународните сили за смртта на Мунади. Медиумското здружение на Авганистан, пак, го критикува НАТО, зашто го оставиле мртвото тело на убиениот авганистански новинар.