Побарувачката на нафта поголема од очекуваното

Падот на глобалната побарувачка на нафта, годинава ќе биде помал од претходните прогнози, а во 2010 потрошувачката ќе порасне благодарејќи на стабилизацијата на светската економија, оценува Меѓународната агенција за енергија. Тие проценуваат дека годинава ќе се потроши 2,2 отсто нафта помалку од минатата година.